İbrahim Erikan
11 Ноември 2020•Ажурирај: 12 Ноември 2020
АДАНА
Од Средоземното море на јужниот дел на Турција се извлечени безживотни тела на четири од вкупно пет исчезнати лица при потонување на рибарски чамец по судар со танкер кој пловел со грчкото знаме, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турската крајбрежна стража претходно соопшти дека пет лица исчезнале по превртувањето на рибарскиот чамец кој пловел со турското знаме, а дека до потонувањето дошло по сударот со грчкиот танкер кај подрачјето Караташ во Адана.
На местото на несреќата пристигнаа спасувачките екипи, вклучувајќи ги и ронителите, а од кабинетот на гувернерот на Адана е соопштено дека од водата се извлечени четири од вкупно пет исчезнати лица, од потонатото рибарско пловило.