Hanife Sevinç
26 Септември 2019•Ажурирај: 26 Септември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Дирекцијата за вонредни состојби во Турција (AFAD) соопшти дека Истанбул е погоден од земјотрес со јачина од 5,8 степени, пренесува Anadolu Agency (AA).
- Земјотрес во Истанбул, срушено минарето на џамија во Авџилар -
Според информациите објавени на интернет-страницата на АФАД, епицентарот на земјотресот со јачина од 5,8 степени бил во Мраморното Море, на далечина од 21,68 километри од подрачјето на Силиври во Истанбул.
Земјотресот се случил во 13:59 часот по локално време, на длабочина од 6,99 километри.
Земјотресот е почувствуван во Истанбул и во околните градови.