Murat Paksoy
26 Септември 2019•Ажурирај: 26 Септември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Во земјотресот во Истанбул срушено е минарето на џамија во Авџилар, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, поради земјотресот со јачина од 5,8 степени, во околината на Силиври има голем број повици до пожарникарите и до полицијата.
Евакуирани се граѓани од државни институции и приватни деловни објекти, особено од училиштата и болниците низ градот, а исто така има и прекини во сообраќајот.
Граѓаните излегоа на отворен простор.
Од земјотресот се сруши минарето на џамијата во населбата Авџилар.