Birol Güngördü
26 Септември 2019•Ажурирај: 27 Септември 2019
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во турската област Чанаккале, фатени се 203 нерегуларни мигранти кои биле во подготовка на илегален начин да преминат на грчкиот остров Лезбос, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тимовите на градската жандармерија во рамки на борбата против илегалната миграција извршиле 9 одделни операции во различни места во Ајваџик и Езине.
Во рамки на овие операции, фатени се 203 нерегуларни мигранти, од кои 198 со потекло од Авганистан и 5 со потекло од Сирија.
Исто така, приведени се и двајца осомничени за кои се тврди дека го организирале бегството на овие илегални мигранти.
Во овие рамки, запленети се и еден минибус, еден автомобил и 36 спасувачки елеци.
Фатените мигранти се пренесени во Центарот за враќање на странци во Ајваџик.