ЊУЈРОК (AA) – Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека говорот на омразата никогаш не треба да се меша со слобода на мислење, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган во обраќањето во Обединетите нации рече дека муслиманите се најголема жртва на говорот на омраза во светот.
„Многу голема клевета и неморал е поистоветувањето на тероризмот со исламот, религијата на мирот. Такво нешто е неприфатливо“, рече Ердоган.
Истакнувајќи дека ја поддржува идејата под покровителство на Обединетите нации (ОН) да се оформи база на податоци за говорот на омраза, Ердоган рече дека Турција и понатаму ќе биде предводник во борбата против растечка исламофобија, расизмот и говорот на омразата.
„Ние затоа и воспоставивме Алијанса на цивилизации за да ги отрстаниме овие грешки и да се спротиставиме на судирот на цивилизации. Ако бидеме успешни во Алијансата на цивилизации, сигурно ќе ги намалиме овие проблеми и ќе ги спречиме”, рече Ердоган.
Нагласи дека меѓународните организации како што се Совет на Европа и Организација за исламска соработка треба да ги конкретизираат своите иницијативи и да се фокусирааат на решавање на конкретни проблеми.
„Многу голема клевета и неморал е поистоветувањето на тероризмот со исламот, религијата на мирот. Такво нешто е неприфатливо“, додаде Ердоган, нагласувајќи дека терористите можат да бидат луѓе од сите верски заедници.
„За да се реши проблемот од корен, мораме заедно да преземеме потребни чекори како влади, меѓународни организации, технолошки компании, образовни институции, медиуми и невладини организации”, рече претседателот на Република Турција.
Алијансата на цивилизации или Сојузот на цивилизации (Alliance of Civilizations, UNAOC) е политичка иницијатива под покровителство на генералниот секретар на Обединетите нации од 2005 година. Нејзина цел е интеркултурен дијалог, а четири основни подрачја на делување се: медиуми, млади, образование и миграции. Оваа иницијатива ја покренаа во 2005 година владите на Шпанија и Турција под покровителство на Обединетите нации.