Muhammed Nuri Erdoğan
28 Септември 2025•Ажурирај: 29 Септември 2025
АНКАРА (АА) - Земјотрес со магнитуда од 5,4 степени денес го потресе западниот дел на Турција кај градот Симав во покраината Кутахија и околните области, соопштија надлежните, јавува Анадолу.
Управата за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотресот се случил во 12:59 часот по локално време на длабочина од 8,46 километри.
Потресот е почувствуван во блиските покраини. Нема извештаи за жртви или причинета материјална штета.