Турција

Турција ги евакуираше патниците од бродот на Глобалната флотила „Сумуд“ откако почнал да се полни со вода

- Бродот „Џони М“, дел од Глобалната флотила „Сумуд“ што носеше хуманитарна помош за Газа, почнал да се полни со вода во Средоземното Море утринава и издаде повик за помош, поради што Турција мораше да координира безбедна евакуација на патниците

Fatma Zehra Solmaz  | 29.09.2025 - Обновена : 29.09.2025
 Турција ги евакуираше патниците од бродот на Глобалната флотила „Сумуд“ откако почнал да се полни со вода

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) - Бродот „Џони М“, дел од Глобалната флотила „Сумуд“ што носеше хуманитарна помош за Газа, почнал да се полни со вода во Средоземното Море утринава и издаде повик за помош, поради што Турција мораше да координира безбедна евакуација на патниците, јавува Анадолу.

Бродот, кој се наоѓа во регионот на Медитеранот помеѓу Крит, островот Кипар и Египет, пратил повик за помош во утринските часови.

Капетанот на бродот известил преку радио дека моторниот простор се полни со вода.

https://shorturl.at/6VmIb

Патниците на бродот доаѓаа од различни земји, меѓу кои Луксембург, Франција, Финска, Мексико и Малезија. Поради опасноста со која се соочуваа патниците, турската Црвена полумесечина и други власти ја мобилизираа и координираа евакуацијата.

Во соопштението објавено на американската платформа за социјални медиуми Инстаграм на Глобалната флотила „Сумуд“ беше нагласено дека операцијата се одвивала непречено благодарение на брзата координација од страна на турската Влада и придонесите на терен од турската Црвена полумесечина.

Властите изразија благодарност до турската Влада и турската Црвена полумесечина за клучната улога и во осигурувањето безбедно враќање на учесниците и во доставувањето хуманитарна помош до флотата.

Во соопштението, исто така, се наведува дека не се очекува значително одложување во целокупниот тек на операцијата, а се планира флотата да стигне до својата дестинација во рок од четири дена.

Семих Фенер, капетан на бродот „Алма“, еден од бродовите што помогна во евакуацијата, за агенцијата Анадолу изјави:

„(Џони М) Нема потонат брод, само техничка неисправност. Евакуиравме 12 лица и ги распоредивме на други бродови. Четворица од нив ќе заминат дома.“

Информирајќи дека четири лица ќе се вратат во матичните земји преку Турција, капетанот Фенер додаде:

„Овие лица им се благодарни на Турците и на турската Црвена полумесечина за процесот на евакуација.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.