Hasan Namlı
27 Декември 2020•Ажурирај: 28 Декември 2020
ЕЛАЗИГ (АА) - Земјотрес со интензитет од 5,3 степени го потресе градот Елазиг, во истоимената турска област, а земјотресот е почувствуван и во околните области, јавува Агенција Анадолија (АА).
На интернет-страницата на Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) објавена е веста дека во 9:37 часот по локално време е почувствуван земјотрес со интензитет од 5,3 степени, чиј епицентар е во местото Елазиг.
Во соопштението се наведува дека земјотресот се случил на длабочина од 15,94 километри.
Земјотресот е почувствуван и во турските места Малатја, Адијаман, Шанлиурфа, Мардин, Батман и Дијарбакир.
Жителите на Елазиг по земјотресот излегоа на улиците.
Гувернерот на Елазиг, Еркаја Јирик, изјави дека засега не се откриени негативни работи поврзани со земјотресот што го зафати градот.
„Нашите екипи со сета внимателност работат на теренот. Ќе биде дадено известување доколку нешто се открие“, рече гувернерот Јирик.