Турција

Зголемена посетеноста на музеите во Турција во 2017 година

Според турскиот Институт за статистика (TurkStat), бројот на музеи во Турција, исто така, е зголемен и во 2017 година имало вкупно 438 музеи, што е 5 отсто повеќе од претходната година

Muhammed Ali Gürtaş  | 26.09.2018 - Обновена : 27.09.2018
Зголемена посетеноста на музеите во Турција во 2017 година

Ankara

АНКАРА - Околу 30,7 милиони луѓе ги посетиле музеите и археолошките локалитети низ цела Турција во 2017 година, што претставува пораст од 21,3 проценти во однос на претходната година, јавува Anadolu Agency (AA).

Според турскиот Институт за статистика (TurkStat), бројот на музеи во Турција, исто така, е зголемен и во 2017 година имало вкупно 438 музеи, што е 5 отсто повеќе од претходната година.

„Од вкупниот број музеи, 199 се под ингеренција на Министерството за култура и туризам, додека останатите 239 спаѓаат во категоријата на приватни музеи“, соопштија денес од ТуркСтат.

Истанбул, една од најпопуларните туристички дестинации во Турција, води со вкупно 75 музеи (56 од нив се приватни музеи), потоа следува главниот град, Анкара, и крајбрежната турска област Измир со 46 музеи, од кои 27 се во приватна сопственост.

Бројот на природни паркови се зголеми за 6,7 отсто, а вкупната површина на парковите на природата во 2017 година се зголеми за 3 отсто, во споредба со 2016 година.

„Бројот на паркови на природата достигна бројка од 223, а нивната вкупна површина во 2017 година се зголеми на 102.409 хектари“, додаваат од Институтот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın