Tuğçenur Yılmaz
18 Јуни 2019•Ажурирај: 19 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Заменик-министерот за надворешни работи на Турција, а воедно и задолжен за прашањата поврзани со Европската Унија (ЕУ), амбасадорот Фарук Кајмакџи, истакна дека ЕУ нема моќ и надлежност да пресудува во насока на определување на копнената, поморската и воздушната граница меѓу своите земји членки и третите земји, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кајмакџи преку социјалните мрежи реагираше против изјавата во врска со активностите на Турција во Источниот Медитеран на Манфред Вебер, кандидат за претседател на Европската комисија од Европската народна партија (EPP), која е најголемата политичка група во Европскиот парламент (ЕП).
„ЕУ нема моќ и надлежност да пресудува во насока на определување на копнената, поморската и воздушната граница меѓу своите земји членки и третите земји, и не може да се дозволи ЕУ да се движи во оваа насока. Солидарноста меѓу членките не може да биде пред меѓународното право, и не ги оправдува едностраните тврдења на кипарските Грци“, напиша Кајмакџи на социјалните мрежи.
Вебер во објава на социјалните мрежи даде поддршка за едностраните тврдења на Јужен Кипар против активностите на Турција во Источниот Медитеран.