Muhammed Enes Çallı
18 Јуни 2019•Ажурирај: 19 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - На 21 јули во Истанбул ќе се одржи меѓуконтиненталната трка во пливање преку Босфорскиот Теснец, јавува Anadolu Agency (AA).
На 31. по ред меѓуконтинентална трка во пливање преку Босфорскиот Теснец ќе учествуваат 2.400 пливачи од 52 земји.
Трката ќе започне во населбата Канлиџа на азиската страна од Истанбул, а ќе заврши во Куручешме на европската страна, покривајќи го растојанието од 6,5 километри.
На трката во пливање се очекува да учествуваат пливачи од Русија, Украина, Велика Британија, Индонезија, Оман, Пакистан, Перу и Филипините.
Маркос Дијаз, кој стана првиот атлет кој поминал низ пет континенти со пливање во 2009 година, исто така, ќе учествува на трката.
Популарноста на трката може да се измери со фактот дека квотата за 1.200 странски пливачи е пополнета за 28 минути.