Ayşe Büşra Erkeç
18 Март 2018•Ажурирај: 19 Март 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Жири-комисијата на меѓународниот натпревар во фотографија „Istanbul Photo Awards“ кое Anadolu Agency (AA) го организира по четврти пат, се состана во градот на Босфор.
Спонзори на натпреварот, кој се смета за еден од најпрестижните од тој вид, се градот Истанбул, Туркиш ерлајнс (THY) и Турската агенција за соработка и развој (ТИКА)
Членови на жири-комисијата во текот на три дена ќе ги избираат најдобрите фотографии во 10 категории.
Фотографијата којашто ќе го освои првото место во категоријата поединечна вест, воедно ќе биде прогласена и за фотографија на годината. И оваа година ќе биде доделена наградата „Млад фотограф“ на фоторепортер помлад од 28 години.