Турција

Ердоган: „Успехот што го постигнавме во областа на беспилотните летала, ќе го достигнеме и кај летечките автомобили“

„Најголемиот капитал во технологијата се продуктивните умови“, истакна Ердоган на овогодишниот Фестивал на технологијата, Технофест

Ferdi Türkten  | 26.09.2020 - Обновена : 27.09.2020
Ердоган: „Успехот што го постигнавме во областа на беспилотните летала, ќе го достигнеме и кај летечките автомобили“

ГАЗИАНТЕП (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека во областа на беспилотните летала Турција влезе во редот на ретките земји во светот и дека се надева на сличен успех и кај автомобилите и летечките автомобили, јавува Агенција Анадолија (АА).

Претседателот Ердоган се обрати на церемонијата за доделување на наградите „Текнофест 2020“, што се одржува во градот Газиантеп.  

Истакнувајќи дека на „Текнофест 2020“ ќе се вкоренат, ќе никнат и ќе се развиваат нови достигнувања, од вештачка интелигенција до кибербезбедност, претседателот Ердоган рече дека на технолошкиот фестивал учествувале тимови од сите 81 турска област и 84 тимови од други држави.

Обраќајќи им се на младите, Ердоган рече дека фестивалот е израз на довербата кон младите.

„Во суштина, ова е резиме на приказната на Турција во последните 18 години“, додаде Ердоган. 

Тој, наведувајќи дека по долг период на занемарување, им се нуди можност на сите што сакаат да произведуваат и да победуваат, нагласи: „Кај беспилотните летала Турција е меѓу неколкуте земји во светот. Се надевам на сличен успех и кај автомобилите и летечките автомобили. Ние работиме напорно за нашите цели во 2023 година.“

Потсетувајќи дека екипата на „Гризу“, чиј сателит ќе биде лансиран во вселената во декември, е поддржана од Фондацијата на турскиот технолошки тим (Т3), Ердоган рече дека екипата на ТЕКНОФЕСТ сега развива уникатни системи што ќе се натпреваруваат на меѓународната арена.

Во своето обраќање на „Текнофест 2020“ тој истакна дека најголемиот капитал во технологијата се продуктивните умови.

„Знаеме дека постојат иницијативи во светот како вашите, каде што младите достигнаа глобален успех за кратко време и достигнаа вредности од милијарди долари. Нема причина зошто слични успеси во секој аспект на технологијата, особено во новите области како што се вештачката интелигенција, кибербезбедноста, не би можеле да се постигнат. Најголемиот капитал во технологијата се продуктивните умови.“

Текнофест започна во четвртокот во Газиантеп и ќе трае до утре.

Престижниот фестивал настана како национален технолошки исчекор кон претворање на Турција во технолошки продуктивно општество. Целта на фестивалот е јакнеење на свеста за важноста на технологијата и науката, јакнеењето на човечките ресурси на Турција кога станува збор за стручни и способни инженери и научници.

За време на фестивалот се одржуваат разни натпревари кои ја поддржуваат работата на младите на полесто на модерните технологии. Се натпреваруваат над 20.000 тимови со над 100.000 пријавени проекти од Турција и други земји.

АА е глобален медиумски партнер на Технофест, кој, со поддршка на бројни институции, компании и универзитети, е организиран од страна на Турската технолошка фондација (Т3) и Министерството за индустрија и технологија на Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.