Sibel Uğurlu
19 Април 2019•Ажурирај: 21 Април 2019
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во петок упати честитка по повод пранзикот Пасха до припадниците на еврејската вероисповед, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нашата општествена структура, втемелена на почитување на мирот и сите религии, зацврстена со меѓусебна љубов и почитување, збогатена со разлики, претставува темел на нашето силно единство и солидарноста", наведе Ердоган во честитката.
Нагласувајќи го мултикултурниот и мултирелигискиот карактер на Турција, Ердоган нагласи дека е многу важно сите заедници во Турција „слободно да ги живеат своите религии и традиции."
„По овод нивните празници би сакал да изразам најискрени желби на сите Евреи, посебно на нашите граѓани од еврејска вероисповед, со кои живееме во мир и слога и по овој повод најискрено ги поздравуваме", нагласи турскиот претседател.