Hande İlbeyi Canca
08 Јули 2022•Ажурирај: 09 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, го осуди атентатот и изрази жалење за смртта на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган објави порака со сочувство на социјалните мрежи во врска со смртта на Абе, кој почина откако беше застрелан на предизборен митинг.
„Длабоко сум тажен поради смртта на поранешниот премиер на Јапонија и мој ценет пријател Шинзо Абе. Го осудувам овој грозоморен напад“, рече Ердоган.
Турскиот претседател упати и порака со сочувство до семејството на убиениот Абе и до целиот јапонски народ.