Mümin Altaş
08 Јули 2022•Ажурирај: 09 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, испрати порака по повод претстојниот Курбан бајрам и посочи дека остварувањето на целите на земјата за 2023 година обезбедува одлучувачко чекорење кон реализација на визијата за 2053 година, која е најскапоценото наследство што сегашните генерации ќе им го остават на младите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во видеопораката што ја објави по повод Курбан бајрам, Ердоган им го честита овој празник на турскиот народ и на исламскиот свет. Тој ги поздрави и верниците кои во моментов се на аџилак, како неопходен сегмент од Курбан бајрам.
„Нека овие празнични денови донесат добро, а принесените жртви нека донесат спас. Нашите бајрамски празници нека бидат празници во кои нема да има болка. Му благодарам на Бога што дочекавме уште еден Бајрам во здравје, мир и спокојство“, рече Ердоган.
Ердоган упати посебна честитка до оние кои овој Бајрам ќе ги израдуваат и ќе ја вратат насмевката на лицата на ранливите и угнетените луѓе низ светот.
Тој им се заблагодари на сите луѓе кои ја почитуваат традицијата на цивилизацијата и културата со која Бајрам им носи радост на сите, на децата и на постарите.
Укажувајќи на предизвиците со кои се соочува светот денес во сите области, од здравство до безбедност, Ердоган рече дека братството, единството и заедништвото на народите стануваат уште поважен фактор.
„Со генерации скапо плаќаме за игрите на кои сме изложени за нивните креатори да ја држат нашата земја под нивото на демократија и развој што ги заслужува. Фала му на Бога, имавме можност да направиме потег што ќе ја издигне Туркије над нивото на модерната цивилизација на силната инфраструктура што ја изградивме во последните 20 години. Целиот свет, особено развиените земји, се бори со својата политичка, економска, безбедносна и социјална криза. Ние, пак, се трудиме да ги искористиме можностите што ги имаме, фокусирајќи се на нашите цели, и покрај сите тешкотии што ги доживуваме. Постојано и повторно се убедуваме во исправноста на изборот што го направивме пред околу четири години, давајќи приоритет на вработувањето“, рече Ердоган.
Претседателот Ердоган понатаму наведе дека освен ефектите од влошувањето на глобалната економија врз земјата, тие се свесни и за тешкотиите што флуктуациите на девизниот курс и високите трошоци за живот ги предизвикуваат во секојдневниот живот на луѓето.
„Барам посилна поддршка и малку повеќе трпение од мојата нација за програмите што ги реализиравме. Постигнувањето на целите на Туркије за 2023 година ќе обезбеди таа решително да чекори кон визијата за 2053 година, која е најскапоценото наследство што ќе го оставиме на нашата младина. Овој пат, благодарение на лекциите што ги научивме од историјата и со предностите што ги имаме, нема да дозволиме никаква пауза или назадување во изградбата на голема и моќна Туркије“, рече Ердоган.