Ahmet Sertan Usul,Barış Gündoğan
09 Јули 2022•Ажурирај: 11 Јули 2022
ХАКЌАРИ (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, им го честита Курбан бајрам на припадниците на турските сили кои се наоѓаат во пограничното подрачје на Јуксекова, на самиот југоисток на државата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу утрово по повод празникот Курбан бајрам ги посети силите на жандармеријата во подрачјето на Јуксекова.
За време на посетата тој телефонски му се јави на турскиот претседател Ердоган и го информира за состојбата на тоа подрачје, додавајќи дека моментално се наоѓаат на планината Варкавик, на надморска височина од 3.350 метри.
„Овие војници со години ја чуваат оваа планина. Дојдовме овде да им го честитаме Курбан бајрам и да го прославиме празникот со нив. Тие сакаат да му го честитаат Бајрам и на нашиот врховен командант“, рече Сојлу.
Ердоган потоа им го честита Курбан бајрам на припадниците на турските сили.
„Продолжувате храбро да ја штитите татковината покажувајќи одлучност против терористите. Бог нека ве награди за тоа. Ви изразувам на сите вас длабока благодарност во мое име, во име на моето семејство и нашиот народ“, рече Ердоган во пораката.