Турција

Ердоган упати критики до глобалната кампања за оцрнување на операцијата „Извор на мирот“

„Турција е држава, а наспроти нас е терористичка организација. Против терористичките организации не се војува, против нив се бори“

Nilay Kar  | 14.10.2019 - Обновена : 14.10.2019
Ердоган упати критики до глобалната кампања за оцрнување на операцијата „Извор на мирот“

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги критикуваше странските медиуми поради користење погрешни информации за тековната турска операција во Сирија „Извор на мирот“, јавува Anadolu Agency (AA).

„Тие секогаш ја користат истата тактика“, изјави Ердоган за новинарите. „Ќе се стремиме да ја кажеме вистината“, додаде тој.

Ердоган имаше обраќање на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул пред да замине во Баку за да присуствува на 7. Самит на Туркискиот совет.

Тој изјави дека Турција сеопфатно ќе ги информира учесниците на Самитот за операцијата.

Турскиот претседател ги повика земјите сојузнички на НАТО да ја поддржат операцијата на Турција „Извор на мирот“.

„Турција е држава, а наспроти нас е терористичка организација. Против терористичките организации не се војува, против нив се бори“, истакна Ердоган.

Вооружените сили на Турција (ТСК) и Сириската национална војска (SNA), во средата, на 9 октомври, покренаа операција „Извор на мирот“, чија цел е да се воспостави мир и безбедност во регионот и да се уништи терористичкиот коридор кој терористите имаат намера да го воспостават јужно од границата со Турција.

Турските сили операцијата ја спроведуваат против терористичката организација ЈПГ/ПКК, а од Анкара е соопштено дека турските сили ќе ги преземат терористите на ДЕАШ од притворските центри во тој дел на Сирија. За најадекватно решение Анкара го смета тоа терористите да се предадат на земјите од каде што дошле во Сирија и да се процесуираат во тие земји.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.