Турција

Ердоган: „Турција ќе ја продолжи бестрашната борба против тероризмот“

„Ќе продолжиме да дискутираме за случувањата во Идлиб, вклучувајќи ги набљудувачките места и борбата против терористичките организации“, рече турскиот претседател Ердоган

Gözde Bayar, Rabia İclal Turan  | 13.09.2019 - Обновена : 14.09.2019
Ердоган: „Турција ќе ја продолжи бестрашната борба против тероризмот“

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција ќе ја продолжи својата бестрашна борба против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).

Зборувајќи во Истанбул по петочната молитва, Ердоган го повтори решителниот став на неговата земја против тероризмот по нападот на терористичката организација ПКК вчера во југоисточната област Дијарбакир, во кој загинаа седум, а беа повредени девет лица.

Изразувајќи поддршка за мајките во Дијарбакир кои организираат протести против терористичката организација ПКК, поради киднапирање и обид за регрутирање на нивните деца, тој изјави дека моменталната бројка на демонстрантите може да се зголеми на илјадници.

Околу 28 семејства одржуваат протести во југоисточната област Дијарбакир, со тврдење дека Народната демократска партија (HDP) на сила ги регрутира нивните синови во терористичката организација ПКК.

Турската Влада ја обвинува ХДП дека е поврзана и дека пружа поддршка на ПКК.

Осврнувајќи се на регионалните прашања, Ердоган исто така изјави дека наредниот понеделник на трилатерален Самит со руските и иранските лидери ќе дискутира за неодамнешните случувања во Идлиб.

„Ќе продолжиме да дискутираме за случувањата во Идлиб, вклучувајќи ги набљудувачките места и борбата против терористичките организации“, рече турскиот претседател.

Турција и Русија минатиот септември се договорија да го претворат Идлиб во деескалирачка зона, каде што актите на агресија се строго забранети.

Според Договорот, опозициските групи во Идлиб ќе останат во областите каде што веќе беа присутни, а Русија и Турција ќе спроведат заеднички патроли во областа за да спречат продолжување на борбите.

Сирискиот режим и неговите сојузници, меѓутоа, постојано ги кршат условите за прекин на огнот, спроведувајќи чести напади во зоната на деескалација.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.