Andaç Hongur Erpehlivan Kaan Bozdoğan
19 Септември 2021•Ажурирај: 20 Септември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пред да замине за Њујорк на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации, истакна дека во обраќањето посебно ќе се фокусира на прашањето за изградба на поправеден светски поредок, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган во вторник, 21 септември, ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН.
„Во говорот ќе ја нагласам силната поддршка на Турција за мултилатерализмот и целта за воспоставување поправеден светски поредок. Ќе ги презентирам нашите ставови за главните прашања што ќе бидат на дневниот ред на ОН. Ќе го претставам и нашиот пристап кон предизвиците кои му се закануваат на човештвото“, рече Ердоган на денешната прес-конференција во Истанбул.
Истакна дека во обраќањето ќе го спомене и прашањето за миграциите, што особено ја погодува Турција.
„Секако дека ќе имаме порака за миграцијата бидејќи ние го носиме најголемиот товар“, рече турскиот претседател.
Тој се осврна и на најновата ситуација во Авганистан.
„Турција никогаш не се колебала кога станува збор за обезбедување хуманитарна помош“, рече Ердоган.
За време на посетата на Њујорк, Ердоган ќе одржи билатерални состаноци со генералниот секретар на ОН, како и со многу шефови на држави и влади.