Cankut Taşdan
19 Септември 2021•Ажурирај: 20 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Најмалку пет терористи на ПКК се неутрализирани во антитерористичката операција спроведена во југоисточна Турција, соопшти денес турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Операцијата е спроведена во координација на жандармеријата во руралната област на планината Херекол во Первари во југоисточната турска област Сирт.
Вооружени беспилотни летала, воен хеликоптер и воздухопловните сили ѝ пружаа поддршка на операцијата.
Терористичката организација ПКК е активна во источна и југоисточна Турција.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.