Handan Kazancı
18 Септември 2020•Ажурирај: 19 Септември 2020
ИСТАНБУЛ
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека турскиот брод за сеизмичко истражување „Оруч Реис“ ќе се врати на својата мисија во Источниот Медитеран откако е извршен сервисниот преглед, јавува Агенција Анадолија (АА).
„И тоа што го вративме бродот „Оруч Реис“ во пристаништето на сервисен преглед, значи нешто“, изјави Ердоган за новинарите по петочната молитва во Истанбул.
Турција викендов го врати бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ во пристаништето во Анталија на сервисен преглед и надополнување залихи.
Тензиите меѓу Турција и Грција се зголемени откако Турција минатиот месец започна со истражување на енергетските ресурси во турскиот епиконтинентален појас на Источниот Медитеран.
Турција се противи на обидите на Грција за одредување на поморските граници на Источниот Медитеран со помош на малите острови кај турскиот брег.
Официјална Анкара заговара праведна распределба на ресурсите и тврди дека на нив право имаат и кипарските Турци и Грци.