Sefa Mutlu
23 Март 2020•Ажурирано: 24 Март 2020
ИСТАНБУЛ
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговараше со катарскиот емир, шеик Тамим бин Хамад ал Тани за соработката во борбата против ширењето на короавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Дирекцијата за комуникации при кабинетот на турскиот претседател е соопштено дека Ердоган и Ал Тани имале телефонска средба.
Во соопштението се наведува дека двајцата лидери разговарале за низа билатерални и регионални теми, како и за соработката во борбата против ширењето на коронавирусот.