Турција

Ердоган: Со милост се сеќаваме на нашите браќа Азербејџанци кои беа брутално убиени во Хоџали

Пред 29 години во азербејџанскиот град Хоџали масакрирани се 613 цивили, од кои 106 жени и 83 деца. Тешко се ранети 487 лица. Ерменските сили заробија 1.275 лица, од кои 150 сѐ уште се водат за исчезнати.

Berk Özkan  | 26.02.2021 - Обновена : 26.02.2021
Ердоган: Со милост се сеќаваме на нашите браќа Азербејџанци кои беа брутално убиени во Хоџали

ИСТАНБУЛ 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска упати порака по повод 29. годишнина од масакрот во Хоџали, кој го извршија ерменските вооружени сили за време на агресијата на Азербејџан, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган на официјалниот профил на Твитер се присети на 613 азербејџански жртви, убиени на денешен ден во 1992 година.

„На 29. годишнина од масакрот во Хоџали, со милост се сеќаваме на нашите азербејџански браќа, кои се немилосрдно убиени, а меѓу кои се жени, деца, постари луѓе. Сиве овие години не ја заборавивме и нема да ја заборавиме болката и секогаш одново ќе почувствуваме тага. Изразувам сочувство до пријателскиот и братски народ на Азербејџан“, порача Ердоган и додаде:

„Ние сме еден народ, две држави. Турција ќе продолжи да го поддржува Азербејџан во борбата за правда.“

Хоџали е касаба која американските сили ја окупираа кон крајот на 1991 година. Станува збор за место кое се простира на 936 квадратни километри и во кое живееле 2.605 семејства, односно 7.000 лица. Ерменската војска претходно го зазеде Ханкенди, главниот град на Горски Карабах, а потоа цел на нивните напади станаа азербејџанските села, од кои Хоџали беше најголемо. Во Хоџали се наоѓа единствениот аеродром во регионот и беше важен канал на промет на хуманитарна помош на Азерите во тој регион.

Кон крајот на јануари 1992 година, ерменската војска во потполност го опколи Хоџали, а на 25 февруари започна жестоката оружена операција на окупација на местото.

Според официјалните податоци, во масакрот во Хоџали се убиени 613 цивили, меѓу кои 106 жени и 83 деца. Тешко се ранети 487 лица. Ерменските сили заробија 1.275 лица, од кои 150 сѐ уште се водат за исчезнати.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.