Турција

Турските безбедносни сили приведоа 7 припадници на ФЕТО

- Безбедносните сили во Турција приведоа 7 осомничени лица поради наводи за поврзаност со терористичката организација ФЕТО

Gözde Bayar  | 26.02.2021 - Обновена : 27.02.2021
Турските безбедносни сили приведоа 7 припадници на ФЕТО

ЕСКИШЕХИР 

Безбедносните сили во Турција приведоа 7 осомничени лица поради наводи за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Приведувањата се извршени по полициска рација во куќа во центарот на областа Ескишехир“, вели извор кој зборуваше под услов да остане анонимен.

„Судот одреди притвор за тројца осомничени. Останатите осомничени добија условна кауција“, додава изворот.

ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 лица беа повредени.

Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок во Турција преку инфилтрирање на своите поданици во државните институции, особено во војската, полицијата и судството.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın