Турција

Ердоган со Андерсон разговараше за барањето на Шведска за членство во НАТО

Ердоган во разговорот повтори дека Шведска треба да преземе чекори во контекст на клучните прашања од значење за Туркије, како што е борбата против тероризмот

Yıldız Nevin Gündoğmuş  | 25.06.2022 - Обновена : 26.06.2022
Ердоган со Андерсон разговараше за барањето на Шведска за членство во НАТО

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговараше со шведската премиерка Магдалена Андерсон, јавува Агенција Анадолија (АА).

Како што соопшти Дирекцијата за комуникации на претседателот на Туркије, двајцата официјални претставници разговарале за прашања во контекст на барањето на Шведска за членство во НАТО.

Ердоган во текот на разговорот повторил дека Шведска треба да преземе чекори во контекст на клучните прашања од значење за Туркије, како што е борбата против тероризмот.

Напоменувајќи дека Шведска треба да заземе конкретна промена во својот став кон терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ, Ердоган рече дека не гледаат никаква конкретна иницијатива од Шведска што во овој момент би ја ублажила загриженоста на Турција.

Ердоган, исто така, рече дека Туркије очекува укинување на ембаргото за оружје, како и законските и де факто ограничувања во секторот на наменската индустрија, како и исполнување на барањата за прашањата за екстрадиција и депортација.

Турскиот претседател напомена дека сакаат да видат обврзувачки чекори за сите овие прашања, како и конкретно и јасно делување.

Шведска и Финска официјално поднесоа барање за влез во НАТО на 18 мај, одлука поттикната од руската војна против Украина, што започна на 24 февруари. Туркије, долгогодишна членка на Алијансата, изрази забелешки на нивните кандидатури за членство, критикувајќи ги двете земји за толерирање, па дури и за поддржување на терористичките организации, како ЈПГ/ПКК и ФЕТО.

Сите барања за членство во НАТО мора да бидат едногласно прифатени во 30-члената алијанса.

Кон крајот на мај, Туркије во Анкара беше домаќин на консултации со шведската и финската делегација за нивните кандидатури за членство во НАТО. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган тогаш рече дека состаноците не биле „на посакуваното ниво“.

ПКК е сепаратистичка организација која е на листата терористички организации во Туркије, Европската Унија и САД. Во текот на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, од рацете на терористите на ПКК загинаа најмалку 40.000 луѓе.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.