Kemal Karadağ
10 Ноември 2018•Ажурирај: 10 Ноември 2018
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердган, изјави дека сириските браќа источно од Еуфрат многу брзо ќе бидат спасени од терористите, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган денес во Анкара говореше на церемонијата организирана по повод 80. годишнината од смртта на основачот и првиот претседател на РепубликаТурција, Мустафа Кемал Ататурк, а во оваа пригода се осврна и на актуелните случувања.
Во фокусот на неговото обраќање беше и борбата против тероризмот.
Турскиот претседател подвлече дека Турција ќе ја продолжи решителната борба против тероризмот.
„Свесни сме за страдањето на нашите сириски браќа, источно од Еуфрат, под канџите на сепаратистичката терористичка организација. Во многу краток период ќе направиме угнетените на ова подрачје да живеат во мир и сигурност“, порача Ердоган.
Нагласи, исто така, дека едно по едно, ќе бидат уништени сите терористички гнезда на северот на Ирак.
„Многу добро знаеме дека оние кои во Кандил, ПКК ги прогласуваат за терористи, со истите тие терористи соработуваат во заднина“, подвлече Ердоган.