Semra Orkan
01 Октомври 2017•Ажурирај: 01 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, разговараше со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал-Тани, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа информација беше потврдена од извор близок до Кабинетот на претседателот на Република Турција, и се наведува дека Ердоган и Тани разговарале преку телефон.
Тема на разговорот на двајцата лидери биле билатералните прашања на двете земји, а станало збор и за последните случувања во регионот.