Belgin Yakışan
01 Октомври 2017•Ажурирај: 01 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - На 11 и 12 октомври во Истанбул е закажана 4. Светска конференција на автомобилската индустрија, на која ќе биде разгледан глобалниот развој во овој сектор во светот и новите светски трендови, јавува Anadolu Agency (AA).
На конференцијата, чиј глобален комуникациски партнер е Anadolu Agency (АА), учество ќе земат претставници на автомобилската индустрија од Турција и од светот.
На конференцијата, покрај претставници од Турција, свое обраќање ќе имаат говорници од САД, Индија, Саудиска Арабија, Република Чешка, Србија, Иран, Белгија и Унгарија, говорејќи на темите поврзани со иднината на оваа индустрија, за влијанието на глобалните трендови врз турската автомобилска индустрија, „Industry 4.0“ (четврта фаза на индустријализација, наречена сајбер-физички систем), позицијата на Турција во дигитализацијата која доаѓа со роботизацијата.
Во рамките на конференцијата ќе се разгледаат и темите околу паметните транспортни системи кои ќе ја одредат визијата во овој индустриски сектор, електрификацијата, интелигентните системи за мобилност, технологијата на иднината како што се возилата без возач и возилата на електричен погон.
Со цел претприемачите подобро да се претстават себеси и своите проекти, организаторите на Светската конференција за автомобилска индустрија подготвија специјална платформа на која жените - претставници од овој индустриски сектор ќе се сретнат на заеднички појадок.
На конференцијата се очекува да учествуваат 550 претставници од 40 земји. Засега најголем интерес на претстојната конференција има за презентацијата закажана од иранските претставници.
Се планира во рамките на конференцијата со свои активности да се претстават 14 преставници на автомобилската индустрија во Турција: Ford Otosan (Форд Отосан), Toyota (Тојота), BMC, Otokar (Отокар), Isuzu (Исузу), Renault (Рено), Karsan (Карсан), Tofaş (Тофаш), Honda (Хонда), Hyundai (Хјундаи), Daimler (Даимлер), MAN, Temsa (Темса) и Hattat (Хатат).