Muhammed Boztepe
23 Февруари 2018•Ажурирај: 24 Февруари 2018
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара порача дека наредното лето ќе биде жешко за терористите, но и за оние кои им пружаат поддршка, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган се обрати на состанокот со претставниците на Партијата на правдата и развојот (АК Парти) од турските градови, а во таа прилика се осврна на борбата против тероризмот.
„Ова лето ќе биде многу жешко за терористите, но исто така и за оние кои им пружаат поддршка. Најпрвин ќе ги неутрализираме терористите во Мунбиџ, а потоа без застанување продолжуваме со нашиот пат се додека истокот на Еуфрат не биде во потполност безбеден за нас и за нашите сириски браќа", порача Ердоган.
Додаде дека операцијата „Маслинова гранка" во наредниот период ќе биде продолжена со брзо темпо. „Со оглед дека нашата војска од терористите исчисти значителелни ридови (околу Африн) во наредниот период очекуваме дека операцијата ќе биде продолжена со побрзо темпо", рече Ердоган.
Потсетувајќи дека во операцијата „Маслинова гранка" досега се неутрализиани 1.873 терористи и под контрола е ставен простор од 415 километри квадратни, Ердоган порача:
„Откако ќе го затвориме обрачот околу центарот на Африн и на терористите им ја оневозможиме комуникацијата, ја продолжуваме операцијата со нова стратегија."