Ekipa
13 Декември 2017•Ажурирај: 13 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во своето обраќање пред учесниците на вонредниот Самит на Организацијата за исламска соработка (OIC) рече дека Палестина е доведена во состојбата во која беше Израел во 1947 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган говореше на отворањето на вонредниот Самит на Организацијата за исламска соработка во Истанбул, кој е свикан по повод неодамнешната одлука на американскиот претседател Трамп да го признае Кудс за главен град на Израел.
Околу одлуката на Трамп за Кудс, Ердоган рече: „За тој град, кој впрочем е под окупација, таквата одлука нема никаква правосилност”.
Во продолжение на своето обраќање Ердоган истакна дека Израел е окупаторска држава. Во исто време и терористичка држава, и продолжи со зборовите:
„САД со оваа бесправна одлука му дава поддршка само на Израел кој под окупација го држи Кудс. Им се заблагодарувам на сите земји кои не ја прифатија оваа одлука. Во сите разговори кои ги направив, вклучувајќи го и разговорот со почитуваниот папа, постои цврст став кон оваа одлука за Кудс“.
„Оваа одлука од страна на САД всушност претставува награда за Израел за сите терористички активности што ги направи. Доделувачот на оваа награда, можеби е самостојна, но таа е на Трамп”, рече претседателот Ердоган.
„Големината на Израел во 1947 година, за жал, денес ситуацијата е обратна и Израел, во моментов ја доведе Палестина во таа состојба. Верувајте, ниту волкот не прави ваква поделба кога станува збор за борбата волк-јагне“.
Околу однесувањето на САД, претседателот Ердоган рече: „САД не стои покрај оние кои го посакуваат мирот, туку ги поддржува оние кои мирот го прават невозможен. Во периодов во кој Обединетите нации (ОН) водат интензивна борба против тероризмот, однесувањето на САД им оди во прилог само на фанатиците”.
- „Ништо не се случува во светот изјавувајќи - јас го сторив тоа и работата е завршена” -
„Одлуката за Кудс е потпален фитил кој ги отвора вратите на заканите кон целото човештво, вклучувајќи ги и САД и Израел. Ништо не се случува во светот изјавувајќи - јас го сторив тоа и работата е завршена”, рече претседателот на Турција Ердоган и продолжи: „Вие самостојно може да донесете ваква одлука, но светот не се состои само од вас. Денеска Обединетите нации (ОН) имаат 196 земји-членки. Тоа треба да биде одлука на сите, а јас верувам дека сите земји ќе покажат став против такво нешто”.
Околу воспоставувањето на мирот во регионот и статусот на Палестина, турскиот претседател Ердоган нагласи: „Мирот во регионот и во Кудс ќе може да биде воспоставен со вложување напори на чесните и праведни луѓе од сите предели, од сите нации и од сите религии. Никогаш нема да се откажеме од барањето за независна и самостојна држава Палестина со Кудс како главен град”.
- „Кудс е нашата црвена линија” -
За статусот на Кудс, претседателот Ердоган го рече следното: „Во согласност со меѓународното право, ги повикувам земјите кои излегуваат во пресрет на праведноста да го признаат Кудс за главен град на Палестина. Уште еднаш повторувам дека Кудс е нашата црвена линија.”
Осврнувајќи се на разговорите кои ги имал изминатите денови, претседателот Ердоган изјави: „Во свое име и во име на мојот народ му се заблагодарувам на почитуваниот папа кој ја оддаде сета почит кон значењето кое го носи Кудс, на евреите со здрав разум кои се стремат кон праведност и мир, на коптите и на сите оние кои не направија компромис во своите ставови”.
Ердоган во своето обраќање на вонредниот Самит на Организацијата за исламска соработка (OIC) упати повик за признавање на Палестина: „Сите оние земји кои досега не ја признале Палестина, потребно е конечно да го направат тој значаен чекор. Тоа е од суштинско значење за формирање рамнотежа во подрачјето, овозможувајќи човечките права и правдината да застанат на стабилни нозе“.