Tuğrul Çam
13 Декември 2017•Ажурирај: 13 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Палестинскиот претседател, Махмуд Абас, на Самитот на Организацијата за исламска соработка (OIC) истакна дека за Палестина, која е под окупација, треба да се работи со сета сила цо цел биде признаена како држава, јавува Anadolu Agency (AA).
„Со сета сила треба да работиме за Палестина, која е под окупација, да биде признаена како држава“.
Тој додаде дека во случај Кудс да не биде главен град на Палестина, нема да има мир и стабилност.
Абас нагласи дека нема да се дозволи САД да бидат дел од мировниот процес.
„Никогаш нема да дозволиме во иднина САД да бидат дел од политичкиот мировен процес“, истакна палестинскиот претседател Махмуд Абас на вонредниот Самит на ОИС кој се одржува во Истанбул.