Турција

Ердоган: Од летото целосно ќе ја обезбедиме границата со Ирак, ќе ја завршиме работата во Сирија

„Цел ни е на нашите деца да им овозможиме Туркије целосно ослободена од мрачните сенки на тероризмот и чиј пат и просперитет се светли,“, рече претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган

Mehmet Tosun, Mümin Altaş  | 19.03.2024 - Обновена : 20.03.2024
Ердоган: Од летото целосно ќе ја обезбедиме границата со Ирак, ќе ја завршиме работата во Сирија Фото: Мурат Кула - АА

АНКАРА (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека турските сили од ова лето целосно ќе ги обезбедат своите граници со соседен Ирак и порача дека ќе ја завршат и незавршената работа во соседна Сирија, известува Анадолу.

Ердоган ја потврди одлучноста на земјата во борбата против терористичката организација ПКК и нејзините ограноци во пограничните делови на двете соседни земји.

„Цел ни е на нашите деца да им овозможиме Туркије целосно ослободена од мрачните сенки на тероризмот и чиј пат и просперитет се светли,“, рече претседателот Ердоган на ифтарот со војниците во командата на 4. Корпус на Турските вооружени сили.

Турскиот претседател истакна и дека целта да има силна војска за Туркије повеќе е обврска отколку избор.

„Ние сме држава, нација, војска која секогаш мора да го држи одвраќањето на највисоко ниво“, порача Ердоган.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın