Zlatan Kapiç,Ekip
13 Мај 2016•Ажурирај: 13 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган по повод судирите помеѓу припадниците на вооружените сили на Турција со терористите на југоисточниот дел на земјата, порача дека ништо нема да ја спречи Турција да го заштити своето единство и интегритет, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ниту еден судир, ниту една опсада нема да не спречи во намерата да го заштитиме единството, територијалната целост на Турција. Хабрите и пожртвуваните припадници на безбедносните сили ќе ја исчистат земјата од терористички организации, од секој нечесен сојуз, и се по ред, бидејќи зад војската стои народ” , нагласи Ердоган.
Во напишаната порака, турскиот претседател упати длабоко сочуство до семејствата на убиените војници во Хакари, на југоисточниот дел на земјата.
Нагласувајќи ја одлучноста на сите припадници на Вооружените сили на Турција, припадниците на полицијата и територијалната одбрана во координираната борба против тероризмот, Ердоган повтори дека ништо нема да ја спречи Турција во заштитата на нејзината целост и интегритет.
„ Благодарен сум на трпението, молитвите и поддршката на нашиот народ во регионот каде дојде до судири ”, порача Ердоган истакнувајќи дека сите државни институции се со сите оние кои се борат против сепаратистичката, терористичка организација ПКК.
Најмалку осум турски војници загинаа утрово за време на судирите со терористите на ПКК во југоисточниот град Хакари.
За време на судирите загинаа најмалку шест, а ранети се осум војници, додека два воени пилоти загинаа во пад на хеликоптер од типот „Кобра ”, кој интервенираше во овој регион. Основано е дека падот на хеликоптерот е причинет поради технички проблем, а покрената е устрага во врска со овој настан.
Исто така е соопштено дека турската војска продолжува со акциите во регионот и дека е пратено зајакнување.
Според досегашните информации, убиени се најмалку шест припадници на терористичката организација.