Ekipa
23 Декември 2018•Ажурирај: 24 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им ги честита претстојните Божиќни празници на сите припадници на христијанската вероисповед, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во согласност со вредностите на нашата цивилизација, продолжуваме да го негуваме принципот луѓето да не ги двоиме според нивното потекло, религиозната или расната припадност. Придаваме големо значење на тоа сите наши граѓани слободно да ја негуваат и да уживаат во својата култура, религија и традиција“, рече Ердоган.
Истакнувајќи дека Турција се наоѓа во регион каде што со векови заедно живееле различни култури и традиции, Ердоган наведе дека разновидноста се третира како богатство на општеството и заедницата, а дека меѓусебното почитување претставува важен сегмент на националното единство и мирот.