Турција

Ердоган: „Истанбул ќе биде домаќин на финалето на Лигата на шампиони во 2020“

Кандидати за ова финале беа Истанбул и Лисабон, а турскиот претседател Ердоган изјави дека Истанбул ќе биде домаќин на кулминацијата на фудбалската сезона во Европа во 2020 година

Elvir Hociç  | 24.05.2018 - Обновена : 24.05.2018
Ердоган: „Истанбул ќе биде домаќин на финалето на Лигата на шампиони во 2020“

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека финалето на фудбалската Лига на европски прваци во 2020 година ќе се игра во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).

Кандидати за ова финале беа Истанбул и Лисабон, а турскиот претседател Ердоган изјави дека Истанбул ќе биде домаќин на кулминацијата на фудбалската сезона во Европа во 2020 година.

Финалето ќе се игра на олимпискиот стадион „Ататурк“.

В сабота Реал Мадрид и Ливерпул ќе играат финале во Лигата на шампиони во Киев, а домаќин на финалето наредната година е Мадрид.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın