Турција

Ердоган изрази поддршка за мајките кои протестираа против терористичката ПКК

Ердоган нагласи дека отпорот кој го покажале овие мајки, ќе ги ослабне, според него, лицата кои се наоѓаат во Кандил

Jeyhun Aliyev  | 08.09.2019 - Обновена : 09.09.2019
Ердоган изрази поддршка за мајките кои протестираа против терористичката ПКК

МАЛАТИЈА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изрази поддршка за мајките кои протестираат против терористите на терористичката организација ПКК во југоисточниот дел на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган имаше свое обраќање на состанокот со учениците од медресите во Малатија, источна Турција, при што нагласи дека Владата прави сѐ што е можно за да ги елиминира терористите.

Турскиот претседател на состанокот изрази поддршка и за мајките кои протестираат против терористите на терористичката организација ПКК.

Ердоган нагласи дека отпорот кој го покажале овие мајки, ќе ги ослабне, според него, лицата кои се наоѓаат во Кандил.

Голем број семејства во Дијарбакир започнаа протест пред седиштето на ХДП во овој град. Владата на Турција ја обвинува Народната демократска партија (HDP) дека има поврзаност со терористичката организација ПКК.

Мајките кои велат дека нивните деца се киднапирани од страна на ПКК, сакаат да ги спасат од рацете на терористичката организација.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.