İlkay Guder
22 Октомври 2016•Ажурирај: 23 Октомври 2016
БУРСА (AA) - Премиерот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска во Рака изјави дека турските сили ќе влезат и во сирискиот град Ал-Баб, бидејќи таму е неопходно да се формира зона исчистена од тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган зборуваше на церемонија на отворање на кампусот во Инеголу, недалеку од турскиот град Бурса, а во таа прилика се осврна на актуелните случувања во Турција и регионот.
Зборуваше и за акцијата Штитот на Еуфрат и истакна дека турските сили ќе влезат и во сирискиот град Ал-Баб, иако некои зборуваат дека тоа не треба да го направат.
„Некои велат‘Немој да влегувате во Ал-Баб'. Приморани сме, ќе влеземе. Зошто? Затоа што тука мораме да формираме зона исчистена од тероризмот. Ако коалициските сили сили бидат подготвени да тргнеме заедно, тоа можеме да го направиме и против ДЕАШ во Рака.Но, не заедно со ПЈД и ЈПГ. Заедно со САД и коалициските сили. Не сакаме покрај нас терористички организации", порача претседателот Ердоган.
Турскиот претседател се осврна и на борбата против терористичката организација ФЕТО, одговорна за обидот за државен удар на 15 јули о Турција, при што рече дека таа борба продолжува во согласност со демократијата и правдата.
Претседателот Ердоган најави и отворање на тунелот Евроазија, кој во еден дел поминува под дното на морето и ги спојува Европа и Азија. Порача дека тунелот би можел да биде отворен на 20 или најкасно на 26 декември оваа година.
„Иако во текот на последниот период сме соочени со бројни предавства и напади, никогаш не ја загубивме нашата хладнокрвност, храброст и решителност. И покрај обидот за замки чија мета беше нашата економија, не се откажавме од нашите цели", рече претседателот Ердоган.
Тунелот Евроазија е долг 5,4 километри, а вкупната делница на која се наоѓа овој тунел, а која ги спојува истанбулските квртови Казилчешме и Ѓозтепе изнесува 14,6 километри. Предвидено е дека возењето на оваа релација ќе трае околу 15 минути.