Diyar Güldoğan
23 Јануари 2018•Ажурирај: 23 Јануари 2018
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган и францускиот претседател Емануел Макрон разговараа телефонски за ситуацијата во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што соопштија од кабинетот на претседателот на Турција, Ердоган и Макрон разговарале за случувањата во Сирија како и за операцијата „Маслинова гранка" во Африн.
Операцијата во Африн е започната во рамките на правото на Турција коешто е засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на член 51 од Договорот на ОН, односно Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.