Enes Kaplan
23 Јануари 2018•Ажурирај: 24 Јануари 2018
АНКАРА (AA) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со претседателот на Русија Владимир Путин, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Кабинетот на претседателот на Турција е соопштено дека двајцата претседатели разговарале за последните случувања во Сирија како и за операцијата „Маслинова гранка" во Африн.
Ердоган нагласи дека целта на операцијата е да се исчисти регионот Африн од терористичките организации како што се ПЈД/ЈПГ и ДЕАШ.
Додаде и дека една од целите е заштита на националната безбедност на Турција, напоменувајќи дека со операцијата се дава значаен придонес и во поглед на политичкото единство и територијалниот интегритет на Сирија.
Истакна дека Турција дава големо значење на соработката со Русија во врска со прашањето на Сирија.
Двајцата лидери разговараа и за билатералните односи на Турција и Русија.
Изразија решителност да продолжат со заедничките напори со цел постигнување на политичко решение за Сирија на Конгресот на националниот дијалог на Сирија кој кон крајот на јануари ќе се одржи во рускиот Сочи.