Dildar Baykan,Nazlı Yüzbaşıoğlu
23 Јануари 2018•Ажурирај: 23 Јануари 2018
AНКАРА (AA) - Делегацијата на Соединетите Американски Држави (САД) во Анкара оствари средба со претставници од Министерството за надворешни работи на Република Турција, во врска со прашањата за Сирија, Ирак, за борбата против тероризмот и соработката на полето на правосудството, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од дипломатски извори, американската делегација предводена од американскиот заменик-државен секретар за надворешни работи Џонатан Коен ќе престојува во посета на Турција од 22 до 24 јануари, а денеска, беше остварена средба со претставници од турското Министерство за надворешни работи.
Копретседавачите на Заедничкиот советодавен комитет, заменикот државен секретар на Министерството за надворешни работи на САД, Џонатан Коен, и турскиот заменик-државен секретар на Министерството за надворешни работи, амбасадорот Ахмет Мухтар Гун, се консултираа за различни прашања.
Делегацијата на САД, која во турското Министерство за надворешни работи се задржа околу 4,5 часа, присуствуваше и на состанокот за Сирија, Ирак и на Заедничката работна група за борба против тероризмот.