Aynur Ekiz
27 Февруари 2019•Ажурирај: 27 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, го прими на средба Џаред Кушнер, високиот советник и асистент на претседателот на САД, Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Средбата која беше затворена за медиумите, се одржа во Претседателската палата во Анкара, а траеше 2 часа.
На средбата беше присутен и турскиот министер за трезор и финансии, Берат Албајрак.