Handan Kazancı
28 Февруари 2019•Ажурирај: 02 Март 2019
ДИЈАБАКИР (АА) - Во Југоисточна Турија е запленета книга, стара 800 години, напишана на хебрејски јазик, соопштија локални официјални претставници, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тимовите на турската жандармерија против криумчарење фатија четири лица кои се обидувале да ја продадат средновековната книга“, соопшти гувернерот на Дијарбакир.
„Украсена со религиозни илустрации, книгата се состои од околу 22 страници од кожа“, се вели во соопштението.
„Средновековната книга е ставена под државна заштита“, се додава во соопштението.