Sinan Uslu,Aylin Sırıklı,Ferdi Türkten
01 Септември 2016•Ажурирај: 02 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во денешното свое обраќање на церемонијата по повод отворањето на судската година 2016/2017, во конгресниот центар во рамките на Претседателската палата на Турција, ги пофали судските мерки донесени по обидот за државен удар на 15 јули, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган на церемонијата во Националниот конгресен и културен центар во Бештепе, на народот и на правосудството им посака добра судска година 2016-2017 со зборовите:
„На самиот почеток, би сакал да зборувам отворено по едно прашање. Се подразбира дека објектот во кој се наоѓаме е дел од Претседателската палата, но тој, исто како и џамијата што се наоѓа во истиот двор и претседателската библиотека којашто е во изградба, а во која ќе има околу 5 милиони книги, на сите наши луѓе ќе им биде на услуга. Во моментов е во изградба. Повеќенаменската сала, покрај за изложби, ќе биде користена и за големи состаноци. Тоа се места отворени за секого“.
„Церемонија на отворање на судската година во јавен објект, на судството што ја извршува својата задача во име на народот, не фрла сенка врз независноста на судството, туку спротивно, ја зацврстува независноста на судството“, рече турскиот претседател Ердоган.
На состанокот присуствуваа и премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, лидерот на Партијата на национално движење МХП, Девлет Бахчели и други гости. Претседателот Ердоган им се заблагодари на присутните и продолжи: „Очекувам и претставниците на другите институции тактиките на обвинувања и тензии да ги остават настрана и да делуваат во духот на митингот што на 7 август се одржа пред Јеникапи. Нашиот народ има потреба од нашето единство, заедништво и солидарност, многу повеќе од кога било порано“.
- „Видовме кои ни се пријатели, а кои непријатели“ -
„За време на државниот удар на 15 јули и по него, Турција виде кој ѝ е пријател, кој непријател, кој застана покрај неа, кој против неа, особено во голем број ги виде и ги препозна оние што ја чекаа во стапица“, рече Ердоган и уште еднаш за загинатите херои од 15 јули побара божја милост.
Претседателот Ердоган потсети дека во околината на Претседателската палата херојски загинаа 29-мина, додека 36 лица беа ранети, била бомбардирана од страна на авионите F-16. Посакувајќи им од Господ побрзо закрепнување на ранетите од 15 јули, Ердоган рече: „Што и да направиме, не ќе можеме да ја изразиме нашата благодарност кон нашиот народ, кој таа вечер го напиша својот херојски еп. Овој народ е голем народ, народ што зеде голема одговорност и јас се гордеам со својот народ“.
Претседателот Ердоган истакна дека по 15 јули, одговорноста во рамките на законодавната, извршната и судската власт станала многу поголема и за да ја одигра својата вистинска улога, го рече следното:
„Турскиот народ е навистина многу голем, многу благороден, ја заслужува сета почит и сите видови на услуги. Не знам дали има друг народ што би застанал исправено и гордо пред најмодерното вооружување за независноста и иднина во светот. Јас немам видено, не знам. Но овој народ на 15 јули го покажа токму тоа. Една од нашите институции што на најдобар начин го помина испитот вечерта на 15 јули се органите на правдата. По утврдувањето дека е извршен обид за државен удар, дејствуваа брзо и од првиот момент сѐ се спроведуваше во согласност со законите и во насока на моментално објаснување на тие закони.Тие соопштија: ‘Како судство, ќе направиме сѐ што е потребно во рамките на законите, бидејќи тоа што го направивте е нелегално, и е против нашите закони’, ја испратија својата порака и на тој начин не се скрија зад вратата на судот. Овој став е многу важен. Во историјата со златни букви е запишана таа горда борба на народните судии и обвинители, кои покрај полицијата, чесните војници, општинските службеници со своите тимови на теренот, и целото членство, застанаа против обидот за државен удар. Нашите деца и младината која растеше со безбројните херојски приказни за Чанаккале, Думлупинар, во борбата против терористите ја напишаа својата херојска приказна на 15 јули. Уште една генерација, знаејќи дека станува збор за борба по цена на животот, лично се вложи за независноста и гордоста на Турција. Тоа е многу важно за нас. Имаме генерација што за историјата не чита само од книгите, туку и ја чита и ја живее. Таа вечер, 79 милиони граѓани, сите заедно го доживеавме, го видовме и го сфативме значењето она што долго време го кажуваме: еден народ, едно знаме, една татковина, една држава."