Sinan Uslu
01 Септември 2016•Ажурирај: 02 Септември 2016
АНКАРА (АА) – Отпуштени се уште 820 војници во истрагата за терористичката организација ФЕТО, од кои 648 лица, припадници на копнените и на поморските сили се приведени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според објавата од страна на Министерството за одбрана на официјалниот профил на Твитер, во истрагата за ФЕТО, Турските вооружени сили отпуштиле уште 820 лица од својот персонал, од кои 648 припадници на копнените и на поморските сили се приведени.
Потенцирајќи дека работата со отпуштањата си ја вршат мошне педантно, Турските вооружени сили меѓу другото истакнуваат: „Нашите војници-херои својата работа си ја вршат многу успешно придржувајќи се кон својот народ. Прочистувајќи се од припадниците на ФЕТО, Турските вооружени сили ќе зајакнат уште повеќе и ќе продолжат да му служат на народот”.
Со овој потег, Министерството за одбрана од обидот за државен удар на ФЕТО на 15. јули до денес отпушти вкупно 4.451 војник, од кои 151 генерал.
Се дознава дека меѓу последните отпуштени војници нема генерали, отпуштените се со офицерски или со подофицерски чин.