Sefa Mutlu
12 Декември 2017•Ажурирај: 13 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во Истанбул го прими палестинскиот претседател Махмуд Абас, јавува Anadolu Agency (AA).
Средбата на двајцата челници се одржа во палатата Бејлербеји, траеше околу еден час.
Абас денеска допатува во Истанбул за да учествува на вонредниот самит на Организацијата на исламска соработка (ОИС)
Потсетуваме, во Истанбул на 13. декември ќе биде одржан вонреден самит на лидерите на ОИС на кој ќе биде разговарано за заедничкиот став на исламскиот свет за потегот на претседателот на САД Доналд Трамп за Кудс.