Özcan Yıldırım
04 Септември 2024•Ажурирај: 04 Септември 2024
АНКАРА (АА) — Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес го пречека египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, кој пристигна во официјална посета на главниот град Анкара, јавува Анадолу.
Авионот на Сиси и придружната делегација слета на аеродромот „Есенбога“ во Анкара.
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, гувернерот на Анкара, Васип Шахин, како и други официјални претставници го придружуваа Ердоган на церемонијата за пречек.
Потоа Ердоган и Сиси пристигнаа во претседателскиот комплекс.
По билатералната средба двајцата лидери ќе копретседаваат со првиот состанок на високо ниво на Советот за стратегиска соработка меѓу двете земји.
Двајцата лидери, исто така, ќе присуствуваат на церемонијата на потпишување договори и ќе одржат заедничка прес-конференција.
Посетата на Сиси на Туркије се реализира на покана на Ердоган.