Ferdi Türkten
30 Август 2019•Ажурирај: 31 Август 2019
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во Анкара изјави дека ситуацијата во сириски Идлиб не е задоволителна, и дека во разговор со рускиот претседател, Владимир Путин, упатил предупредување поради неодамнешните напади на конвојот и контролните точки со турските сили во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Не би било вистина кога би кажал дека ситуацијата во Идлиб е на посакувано ниво. Дојде до напади на нашите набљудувачки точки број девет и десет во Идлиб. Во разговор со почитуваниот Путин ги изнесов нашите предупредувања во врска со тоа“, рече Ердоган пред новинарите во Анкара.
Турскиот претседател најави и дека наскоро ќе има состанок со американскиот претседател, Доналд Трамп, со кој ќе разговара, меѓу другото, и за ситуацијата во Сирија.
„Кога станува збор за авионите „F-35“, ние ќе бараме решенија доколку САД го задржат сегашниот став“, рече Ердоган.