Dilara Hamit
30 Август 2019•Ажурирај: 31 Август 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, денес изјави дека на земјата ѝ е потребна директна потврда за наводите дека терористите на ЈПГ се повлекле од делови од северот на Сирија и дека уништиле некои од местата каде што биле сместени, јавува Anadolu Agency (AA).
Акар изјави дека добил информација од САД, но дека сè уште не било потврдено.
„Ние сакаме да го видиме тоа лично и да го потврдиме со сопствени очи“, изјави Акар.
Тој додаде дека четири хеликоптери - два турски и два американски - речиси два часа извршувале воздушни извидувања на безбедносната зона во северна Сирија.
Турските и американските воени официјални претставници на 7 август постигнаа договор дека безбедносната зона во северна Сирија ќе служи за мировен коридор за раселените Сиријци, кои сакаат да се вратат дома, и дека во Турција ќе биде воспоставен Центар за заеднички операции за да се координира воспоставувањето на коридорот.
САД, кои ПКК ја сметаат за терористичка организација, ѝ го променија името на ЈПГ во Сириски демократски сили во јули 2017 година, за да ја дистанцираат од ПКК.
Во последните две години, турските операции „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“ го ослободија регионот од терористите на ЈПГ/ПКК и ДЕАШ, со што им беше овозможено на стотици илјади раселени цивили да се вратат во своите домови.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, вклучувајќи и жени и деца.