Dejan Maksimoviç,Bedrudin Brlyavac
11 Август 2016•Ажурирај: 11 Август 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во синоќешното обраќање до граѓаните кои се собраа на стражата за демократија пред претседателската палата во Анкара изјави дека 15 јули, кога терористичката организација ФЕТО се обиде да изведе државен удар во Турција, е денот на ослободување на цела Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Анкара беше еден од ретките градови во нашата земја кои немаа Ден на ослободувањето. Но, 15 јули е денот на ослободувањето и Анкара, а и целата територија на Турција”, рече Ердоган.
Тој посочи дека во Турција сите ќе застанат во одбрана на демократијата, слободата, на државата и иднината цели 24 часа.
„Стражата за демократија не се држи само во одредени часови и одредени места. Ќе се заземеме за демократијата, слободата, за државата и за нашата иднина цели 24 часа, 365 дена во годината, во нашите домови, работни места, секаде”, рече Ердоган на синоќешното последно собирање на граѓаните на стража за демократијата, која се одржуваше ширум земјата од 16 јули.
Тој истакна дека САД порано или подоцна ќе определат - или Турција или ФЕТО.
„Порано или подоцна, САД ќе се определат. Или Турција или ФЕТО. Или пучистите и терористите на ФЕТО или демократската држава, Турција. Во позиција се да направат избор”, рече Ердоган.
На насобраните, исто така им рече дека рацете на предавничкта организација ФЕТО се длабоко окрвавени.
„Рацете на оваа предавничка организација се натопени со крв. Тоа крвта на народот. Овој народ ја простува секоја грешка, го толерира секој недостаток, но не го прифаќа предавството. ФЕТО ја предаде оваа земја и овој народ”, рече Ердоган.
На крајот, тој предупреди дека никој не си игра со Турција.
„Никој нека не си игра со земјата на нашата татковина. Оние кои ќе го сторат тоа ќе платат иста ваква цена”, рече Ердоган.
На насобраните граѓани им се обрати и премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, велејќи дека оние кои учествуваа во обидот за државен удар во Турција ќе бидат казнети со најстрога казна.
„Од овие убијци, сигурно ќе побараме сметка. Ќе ги казни најстрога казна”, рече Јилдирим.